Од 14 890 активни случаи со ковид-19 во земјава, најмногу се во Скопје – 6 808.
Од нив, 149 сè уште не се распоредени по општини бидејќи не се завршени епидемиолошките анкети, додека останатите го ставаат Аеродром прв на листата со најмногу активни случаи.
Во оваа скопска општина има 1 077 активни случаи, а близу до границата од илјада се и Гази Баба – 936 и Карпош – 928.
Високи бројки на активни случаи има и во Центар – 884 и во Кисела Вода – 831.
Следни на листата се Ѓорче Петров – 553 и Чаир – 403.
Во Бутел, пак, во моментов се активни 367.
Трицифрени бројки има и во Илинден – 161 и во Шуто Оризари – 103.
Во останатите општини состојбата е следна:
- Петровец – 67
- Сарај – 66
- Сопиште – 57
- Чучер Сандево – 49
- Зелениково-39
- Студеничани – 29
- Арачиново-16
Во главниот град има и 93 странци кои во моментов се позитивни на ковид-19.
