Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и на правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот
Градот Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. По тој повод, делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во чиј состав се Сергеј Попов, Малиша Станковиќ, Славјанка Петровска и Реџеп Исмаил, ќе положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје.
Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и на правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.
На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
