„Скопјани добро се сеќаваат – кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, сè им функционираше. Заедно ветуваа бесплатен превоз, а Мицкоски најавуваше сто нови електрични автобуси, па дури и фабрика за производство. Но, се скраа за рацете во медот и го заглавија главниот град во хаос“, соопшти СДСМ

Од опозицискиот СДСМ соопштија дека премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно сака да биде во улога на „шпицен градоначалник“ и, како што велат, им дели задачи на кандидатите за градоначалници од партијата.
Оттаму додаваат дека овој пат тоа го прави со Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, исто како што било во случајот со актуелната градоначалничка, Данела Арсовска.
„Скопјани добро се сеќаваат – кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, сè им функционираше. Заедно ветуваа бесплатен превоз, а Мицкоски најавуваше сто нови електрични автобуси, па дури и фабрика за производство. Но, се скраа за рацете во медот и го заглавија главниот град во хаос“,
соопшти СДСМ.
Во партијата сметаат дека последните четири години со, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје имало целосно игнорирање на интересите на граѓаните, партиските интереси се ставале пред здравјето на луѓето, а поради политички инает се уништувал градот и претпријатијата.
„Денеска ја гледаме истата шема. Со Мицкоски и Ѓорѓиевски, скопјани може да очекуваат нови разочарувања, нов хаос и нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Скопје заслужува повеќе. Скопјани очекуваат решенија, искреност и политики што носат резултати. Очекуваат чист, уреден, културен град со градоначалник што ќе работи со визија и план, а не нова Арсовска по диктат на Мицкоски“,
велат од СДСМ.