Педет и осумгодишен скопјанец го загуби животот од струен удар местејќи клима уред во зграда во скопската населба Кисела Вода.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден Љ.Б. (58) од Скопје монтирал клима уред во стан во зграда во Кисела Вода и најверојатно починал од струен удар.
„Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во стан од зграда сопственост на С.И.(36) додека местел клима уред, најверојатно од струен удар починал Љ.Б.(58) од Скопје“,
информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено во судска медицина за обдукција.