Синоќа на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полицијата пресретнала 20 годишно момче и му укажала дека ќе го приведе зашто го прекршува полицискиот час.
Тогаш, соопшти МВР, дошол неговиот постар брат (29) и ги нападнал полицајците. Братот бил приведен, додека помладиот ја искористи ситуацијата и избегал.
Инаку, токму на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир, синоќа Град Скопје поставуваше бетонска ограда за да се спречи претрчувањето на пешачи и да среди сообраќајниот хаос.
Вечерва, како што најави градоначалникот Петре Шилегов, оградата ќе биде исцртана со графити.
