Триесет и едногодишен скопјанец е осомничен дека при вршење семејно насилство со умисла тешко ја повредил својата 70-годишна мајка.
Според Основното јавно обвинителство Скопје, тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце.
Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.
Обвинителството поведе постапка против него за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.