Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе два дена се шпекулира во јавноста. Тој појасни дека се залага за уривање власта, но е дециден дека тоа нема да го стори по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица.
„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот за да ѝ служиме на антиалбанска кауза“,
дециден е Скендер Реџепи-Зејд.
Прашан за вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ја ужива неговата поддршка за недовербата на власта, Реџепи вели:
„Не му должам ниту на Мицкоски, ниту на Заев, ниту на Али Ахмети, ниту на кој било. Му должам на моето достоинство и на идеалната политичка опција за која дишам. Дишам во идеал за подобро општество на Албанците, но секако не со оние кои ги мразат Албанците, оние кои ги навредуваат Албанците. Ова не го дозволувам, нека ми го тестира достоинството“,
изјави Реџепи.