Идентитетите на војниците, додаваат од Централната команда на САД, се чуваат во тајност до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини

Американската војска потврди дека сите шест члена на екипажот на американскиот воен авион за полнење гориво што се урна во западен Ирак се загинати.
Војската соопшти дека во инцидентот бил вклучен и втор авион, но дека падот не бил резултат на непријателски или пријателски оган.
„Околностите на инцидентот се истражуваат. Сепак, губењето на авионот не е предизвикано од непријателски или пријателски оган“,
соопшти Централната команда на САД.
All Crew Members of U.S. KC-135 Loss in Iraq Confirmed Deceased
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 13, 2026
TAMPA, Fla. – All six crew members aboard a U.S. KC-135 refueling aircraft that went down in western Iraq are now confirmed deceased. The aircraft was lost while flying over friendly airspace March 12 during…
Американски функционер изјави за Ројтерс дека другиот авион вклучен во падот, кој безбедно слетал, исто така бил воен авион за полнење гориво познат како „KC-135“.
Идентитетите на војниците, додаваат од Централната команда на САД, се чуваат во тајност до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини.
На почетокот на овој месец три борбени авиони на американските воздухопловни сили се урнаа во Кувајт. Според кувајтското Министерство за одбрана, членовите на екипажот безбедно се катапултирале и биле однесени во болница на лекување, каде што било утврдено дека се во стабилна состојба.
