Еден од најсериозните пожари вчера беше во близина на границата со Грција меѓу општините Дојран и Богданци

Во текот на вчерашниот ден (31 август 2023 г.) на отворено имало 20 пожари и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Еден од најопасните беше во близина на границата со Грција меѓу општините Дојран и Богданци каде гореше ниска и мешана шума. Ветрот на почетокот го отежнуваше гаснењето, а проблем беше што и тоа место било линија на фронтот во Првата светска војна па имаше и 20-тина експлозии од останати гранати од тој период.
Овој пожар избувна вчера околу пладне, а беше изгаснат вечерта околу 21 часот. Го гаснењето покрај пожарникарите кои беа на терен, учествуваа и авионите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Останатите пожари вчера биле регистрирани во Струмичко, Прилепско, Битолско, Штипско, Скопско итн. Во најголем дел од нив горела сува трева и ниска вегетација.
