Првата група Авганистанци во земјава пристигна кон крајот на август, а досега вкупно се пристигнати 450 лица
Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнала нова група од 149 Авганистанци во рамки на меѓународната акција за помош на граѓаните од Авганистан. Станува збор за стипендисти на фондациите „Отворено општество“ и лица кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата, како и членови на нивните семејства.
„Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина. Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црвениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки“,
соопштија од Владата.
Првата група Авганистанци во земјава пристигна кон крајот на август, а досега вкупно се пристигнати 450 лица.