Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степени е регистриран ноќеска во 00:21 часот во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.