Сингапур целосно вакцинираше 80 проценти од своите 5,7 милиони жители против ковид-19, изјави тамошниот министер за здравство. Со тоа, Сингапур стана земја со најмногу вакцинирани во светот, што ќе овозможи дополнително ублажување на мерките.
„Поминавме уште една пресвртница, со тоа што 80 проценти од нашето население беше целосно вакцинирано со две дози“,
објави министерот за здравство Онг Je Кунг на Фејсбук.
Така островската држава има најголем процент на целосно вакцинирани во светот, наведува Ројтерс.
Како резултат на ова, властите соопштија дека дополнително ќе ги ублажат воведените ограничувања за спречување на ширењето на коронавирусот.