Најголемо зголемување на трошоците е регистрирано во категоријата храна и пијалоци, каде што семејствата во октомври потрошиле 23 772 денари

За речиси 500 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври споредено со септември годинава, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65 544 денари, што е зголемување од 467 денари во однос на септемвриската вредност од 65 077 денари.
Најголемо зголемување на трошоците е регистрирано во категоријата храна и пијалаци, каде што семејствата во октомври потрошиле 23 772 денари, што претставува пораст од 378 денари во однос на септември.
ССМ дополнително наведува дека доколку во пресметката на минималните трошоци се вклучат средства и за изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на синдикалната кошница достигнува 80 919 денари, а претходниот месец била 80 452 денари.