Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, трошоците достигнуваат до 80 452 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошничка за септември 2025 година изнесува 65 077 денари, што претставува намалување за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65 507 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.
На едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во септември за образование му биле неопходни 7 097 денари или 10,9 отсто, рекреација и култура 5 592 денари или 8,6 отсто, за ресторани и хотели 4 131 денари или 6,3 отсто и за останати стоки и услуги 1 100 денари или 1,7 отсто.
„Од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, за облека и обувки 5 725 денари или 8,8 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6 096 денари или 9,4 отсто. За лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2 636 денари или 4,0 отсто, за транспорт 4 716 денари или 7,2 отсто, за комуникации 3 417 денари или 5,3 отсто, за здравје 1 174 денари или 1,8 отсто“,
соопшти ССМ.
Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, трошоците достигнуваат и до 80 452 денари.