Останати партии што би влегле во Собранието според досега пребројаните гласови се Левица со 6 пратеника и ЗНАМ со 5
ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број пратеници во Собранието по денешните парламентарни избори. Така покажува и симулацијата на мандати која пред малку ја објави Државната изборна комисија по пребројани 85,66% од избирачите и пресметките кои „360 степени“ ги направи врз основа на досега расположивите податоци по изборни единици.
Како што во моментов стојат работите, досега најголемата опозициска партија добива 59 мандати. Втора партија засега е СДСМ со 19 мандати, но блиску е ДУИ со коалицијата, која има 18 мандати. Коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, има 13 мандати. Левица, во моментов, е со 6 пратеници, а ЗНАМ може да се надева на 5.
Фактот што за броење преостануваат уште околу 14,5% од избирачите значи дека се можни промени во распоредот на мандатите.