Поради силната бура со оркански ветрови, во поголемиот дел на Хрватска се регистирани и бројни дефекти на електричната мрежа. Според хрватското електорстопанство (ХЕП), околу 18 000 корисници останале без електрична енергија. Поголемиот дел од дефектите се предизвикани од паднати дрвја и гранки на далноводите, тежината на снегот на водовите и силните ветрови што предизвикале уривање на столбови и дополнителни штети на мрежата
Силно невреме проследено со врнежи од дожд и снег и налети на ветер со брзина и до 120 километри на час во изминатите 24 часа предзвикаа големи штети во повеќе делови на Хрватска, корнејќи дрвја и оштетувајќи голем број загради во главниот град Загреб, јавува ХРТ.

Властите, како што пренесува националниот радиодифузер, ги повикале граѓаните да останат во затворен простор, а поради опасните временски услови откажа е наставата во уличилиштата низ Хрватска.
Според информациите од Противпожарната служба на Загребскиот округ, Окружниот оперативен центар добил повици за 468 интервенции поради силната бура, од кои 325 се завршени, а 143 интервенции се во тек. Ова се податоци што биле добиени во петокот до 14:15 часот, и се однесуваат на „билансот на состојба“ на бурата за 26 и 27 март.
Бурата најтешко ги погодила подрачјата Јастребарско, Света Недела, Самобор и Велика Горица, а повеќето интервенции за противпоражните служби однесуваат на отстранување на паднати дрвја од патишта и згради, поправка на оштетени кровови.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, соопшти дека се оштетени многу објекти и згради, а неколку лица беа повредени, од кои едно потешко.
Шефот на противпожарната служба на округот, Дарио Кезериќ, изјави дека сите расположиви противпожарни единици во погодените подрачја се вклучени во интервенциите, санирајќи ги штетите.
„Бурата се шири од западниот дел на округот кон исток, па затоа очекуваме зголемен број интервенции од источниот дел на округот во текот на денот. Поради обвилни врнежи од дожд, се очекува зголемување на нивото на реката Лоња во Загрепската жупанија. Интервенциите се спроведуваат според приоритетите“,
вели Кезериќ.
Најкритична ситуација поради обилни врнежи од дожд и силните ветрови во областа Бјеловар биле во Луг, каде што во заедничка акција на службите за итни случаи биле спасени семејни куќи по излевањето на поток, објави Штабот за цивилна заштита на градот Бјеловар.
Забележано е значително зголемување на реката Плавничка, која се излеала во блиските ливади, поради што биле подготвени и поставени вреќи со песок. Поплавени беа и стаклениците на семејна фарма која одгледува зеленчук. Неколку дрвја се соборени, а патиштата биле исто така привремено затворени.

Во текот на денешниот ден, воз кој сообраќал на линијата Бјеловар-Загреб бил запрен во близина на приградската населба Клокочевци поради паднати дрвја на шините. Патниците и персоналот излегле од возот и заедно ја отстраниле пречката, по што возот го продолжи своето патување.
Во невремето тешко биле погодени и градските гробишта во Загреб Мирогој, поради што од безбедносни причини биле прекинати погребните ритуали. Според првичните проценки, повеќе од 200 дрвја биле соборени од силниот ветер кои оштетиле споменици и гробови.
„Ве молам не доаѓајте на ниедно гробно место до понатамошно известување, не би сакале нешто да се случи. Дури и моите луѓе не влегуваат на гробиштата. Висат најмалку 200 дрвја. Имаме процедури за сите штети, ќе ги евидентираме и ќе известиме семејствата“,
изјавил Игор Раѓеновиќ, раководител на Одделот за градски гробишта.
Поради силната бура со оркански ветрови, во поголемиот дел на Хрватска се регистирани и бројни дефекти на електричната мрежа. Според хрватското електорстопанство (ХЕП), околу 18 000 корисници останале без електрична енергија. Поголемиот дел од дефектите се предизвикани од паднати дрвја и гранки на далноводите, тежината на снегот на водовите и силните ветрови што предизвикале уривање на столбови и дополнителни штети на мрежата. Од ХЕП изјавиле дека поправките на дополнтелно ги комплицираат непристапниот терен, снегот и водата од обилните врнежи.

Премиерот Андреј Пленковиќ им се заблагодари на сите служби што работат на санирање на последиците од нвремето што го погоди подрачјето на Загреб.
„Апелрирам до сите граѓани да ги следат упатствата. Како и досега, во ситуации на природни катастрофи, ќе му помогнеме на Градот во санирање на штетите“, изјави Пленковиќ.
