Кандидатката Гордана Силјановска-Давкова ја има довербата од близу 39% од избирачите кои денеска излегоа на гласање во првиот круг од претседателските избори, по пребројани две третини од избирачите
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, продолжува да води со 2:1 пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите првични официјални резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија по првиот круг на претседателските избори.
По пребројани 67,47% од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 232 805 гласа, а Стево Пендаровски 114 373 гласа.
Потоа следуваат двајцата кандидати на партиите на Албанците, каде што битката ја добива Бујар Османи од ДУИ со 89 550 гласови, наспроти 64 802, колку што досега има кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.

Од останатите, најдобар резултат има Максим Димитриевски од ЗНАМ, па Билјана Ванковска Цветковска од Левица и, на крај, Стевчо Јакимовски од ГРОМ.