Според информациите, крајбрежната стража на САД се обидела да го заплени танкерот минатиот месец додека тој се наоѓал во близина на Венецуела, но американските сили не успеале да се истоварат на него. Бродот тогаш успеал да го смени правецот на движење и да побегне
Весникот „Волстрит журнал“ вчера, повикувајќи се на неименуван американски функционер, објави дека Русија распоредила подморници и други воени бродови за да го следи празниот и стар танкер за нафта, во неговиот обид да ја избегне потерата од силите на САД
Соединетите Американски Држави (САД) денеска запленија танкер за нафта поврзан со Венецуела, откако по него била организирана потера по Атлантскиот Океан, пренесоа светските медиуми.

Дека танкерот е запленет попладнево преку објава на платформата Икс потврди Европската команда на воените сили на САД. Оттаму велат дека бродот е запленет врз основа на потерница издадена од американски федерален суд поради прекршување на санкциите на САД.
„Министерството за правда и Министерството за внатрешна безбедност на САД во координација со Министерството за војна денес го објавија запленувањето на М/В Бела 1 (M/V Bella 1) поради кршење на санкциите на САД. Бродот беше запленет во северниот Атлантик врз основа на потерница издадена од американски фдерален суд откако беше следен од страна на УСЦГЦ ‘Мунро’“,
се наведува во објавата.
The @TheJusticeDept & @DHSgov, in coordination with the @DeptofWar today announced the seizure of
— U.S. European Command (@US_EUCOM) January 7, 2026
the M/V Bella 1 for violations of U.S. sanctions. The vessel was seized in the North Atlantic pursuant to a warrant issued by a U.S. federal court after being tracked by USCGC Munro. pic.twitter.com/bm5KcCK30X
Првично наречен „Бела 1“, танкерот се најде под санкции на САД во 2024 година поради наводно оперирање во рамките на т.н. „флота во сенка“ што транспортира нелегална нафта од Венецуела, објави Си-ен-ен.
Веста за запленувањето на бродот денеска првично ја објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи два извори, според кои операцијата ја спроведуваат крајбрежната стража и војската на Соединетите Држави.
Според информациите, Крајбрежната стража на САД се обидела да го заплени танкерот минатиот месец додека тој се наоѓал во близина на Венецуела, но американските сили не успеале да се истоварат на него. Бродот тогаш успеал да го смени правецот на движење и да побегне.
Силите на САД, сепак, продолжиле да го гонат танкерот додека се движел кон североисток. Во потерата, како што објави Си-ен-ен повикувајќи се податоците за летови со отворен код, биле вклучени авиони за набљудување од типот П-8, кои биле распоредени во Сафолк, Англија, од каде со денови го надгледувале движењето на бродот додека се движел на север и покрај брегот на Велика Британија, пред да биде запленет денеска.
Во еден момент додека траела потерата, екипажот на танкерот насликал руско знаме на трупот на бродот, за да стават до знаење дека пловат под руска заштита.
Кратко потоа, бродот се појавил и во официјалниот регистар на бродови во Русија, но под ново име – „Маринера“. Според американските медиуми, Русија минатиот месец поднела и дипломатско барање до САД да престанат со потерата по бродот.
Сепак, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го признала, условно кажано, рускиот статус на танкерот и оттаму навеле дека ќе го сметаат за „брод без државјанство“.
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека со загриженост ја следи ситуацијата со танкерот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на руската државна новинска агенција РИА.
Како што објави весникот повикувајќи се на неименуван американски функционер, Русија распоредила подморници и други воени бродови за да го следи празниот и стар танкер за нафта, во неговиот обид да ја избегне блокдата во близина на брегот на Венецуела.
Инаку, пред заплената на танкерот, како што објави Си-ен-ен, САД преместиле дел од својот воени ресурси и опрема во Велика Британија. Најмалку 12 американски летала од типот Ц-17 слетале во возудхопловните бази „Ферфорд“ и „Лејкенхит“ помеѓу 3 и 5 јануари, а голем дел од нив полетале од аеродроми во Соединетите Држави.
Покрај тоа, два воени брода, исто така, биле видени како пристигнуваат во неделата во базата Милденхол во Велика Британија.

Инаку, САД последен пат ги користеа силите за специјални операции при запирањето на санкциониран танкер на 11 декември, кога учестуваат како поддршка во операцијата на крајбрежната стража на САД во близина на брегот на Венецуела при запленување на танкерот „Скипер“, голем носач на нафта чиј екипаж го истакнуваше знамето на Гвајана.
Претседателот на САД, Доналд Трамп кон крајот на минатата година објави „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта кои се обидуваат да влезат или да ја напуштат Венецуела, со цел да изврши притисок врз режимот на тогашниот венецуелски претседател Николас Мадуро.
САД го заробија Мадуро од комплекс во Каракас саботата рано наутро, а државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД ќе продолжат да ја спроведуваат блокадата врз санкционираните танкери, како дел од контролата врз привремената венецуелска влада.
