Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови на длабочина од 10 километри
Силен земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од Хондурас во Карипското Море. Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови на длабочина од 10 километри.
По земјотресот издадено е предупредување од појава на цунами на територијата на Порторико и Девствените Острови.

Тоа е најголем земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити.
