Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина во 8 часот и 7 минути утринава. Според првите информации, магнитудата била 4,7 степени, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 29 километри од Мостар.

Медиумите од регионот јавуваат дека потресот се почувствувал и во Хрватска, Србија и Црна Гора.
Засега нема информации за евентуални штети или повредени.