Земјотресот е со јачина од 6,1 степен и го погоди западниот дел на Турција
Земјотресот се случил околу 20 часот, а најмногу бил почувствуван во провинцијата Баликесир, близу најголемиот град во Турција, Истанбул. Засега, нема пријавени жртви или посериозна материјална штета во некоја од погодените области.

Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.