Во прилог на објавата на Фејсбук, претседателката сподели и фотографија од себе на која бојадисува велигденски јајца, велејќи дека чинот на вапцање не е само обичај, туку момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова попладнево на социјалните мрежи испрати порака за сплотеност и духовна подготовка во пресрет на утрешниот христијански празник Велигден.

Во прилог на објавата на Фејсбук, претседателката сподели и фотографија од себе на која бојадисува велигденски јајца, велејќи дека чинот на вапцање не е само обичај, туку момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.
„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник. Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“,
пишува Сиљановска-Давкова на Фејсбук.
