„Никогаш не се кажува прво во јавноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија“, рече претседателката
Предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го достави до Собранието, ќе биде еден од кандидатите кои деновиве се споменуваат во јавноста.

Ова го потврди претседателката во изјава за медиумите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот кабинет. Меѓу најсериозните кандидати за гувернерската функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска и двајцата ексминистри за финансии Трајко Славески и Зоран Ставрески.
Претседателката повтори дека одлучила кој ќе биде предлогот за иден гувернер, но оти јавноста ќе го дознае неговото име откако предлогот и официјално ќе биде испратен до законодавниот дом.
„Никогаш не се кажува прво во јавноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија“,
рече Сиљановска-Давкова во изјава за новинарите.
Претседателката на државата денеска се очекува до Собранието да го достави името кое таа го предлага за нов гувернер на Народната банка.