За време на средбата во Њујорк, претседателката ја придружуваа и министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за европски прашања Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани. Во фокус на разговорите бил потенцијалот за продлабочување на македонското стратегиско партнерство со САД
Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратегиски прашања – порача претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со шефот на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Брендан Ханрахан.

За време на средбата во Њујорк, претседателката ја придружуваа и министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за европски прашања Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани. Во фокус на разговорите бил потенцијалот за продлабочување на македонското стратегиско партнерство со САД.
„На состанокот го поздравивме нагорниот тренд во развојот на билатералните односи и разговаравме за областите каде што може да се направи дополнителен исчекор. Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратешки прашања како што се отворањето на енергетски коридори од интерес за двете земји и засилувањето на комерцијалната дипломатија“,
порача Сиљановска-Давкова.
На состанокот со претставникот на американскиот Стејт Департмент, како што додава претседателката, дополнително била потврдена маеѓусебната соработка која произлегува од членството во НАТО.