Таа ова го кажа пред денешниот настан во претседателската резиденција на Водно, каде беше врачено признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори (ССК), а е под покровителство на претседателката на државата
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека очекува наредбата 2026 година да биде насочена кон создавање поповолна и поконкурентна бизнис-клима што ќе резултира со стабилен раст и подобар стандард за граѓаните. Во таа насока таа ја посочи улогата на државата, која, како што кажа, е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и поддршка на бизнисот.

Сиљановска-Давкова ова го кажа пред денешниот настан во претседателската резиденција на Водно, каде беше врачено признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори (ССК), а е под покровителство на претседателката на државата.
Говорејќи на темата, претседелката Сиљановска-Давкова кажа дека живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици, кои, поради глобализираниот пазар, влијаат и на македонското стопанство.
„Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот“,
рече Сиљановска-Давкова.
Во однос на наградите и признанијата, претседателката напомена дека тие не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи техники и технологии.
Наградите, додаде таа, потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, значење и храбрност.
„Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима“,
кажа претседателката на државата.
Пред присутните на настанот се обрати и претседателот на Созјузот на стопанските комори, Горан Ѓорѓиевски, која кажа дека признанието „Македонски квалитет“ е симбол на високи стандарди, професионалност и визија за одрлив развој на нашето стопанство.

„Во современиот и силно конкурентен свет, квалитетот повеќе не е извор, туку е неопходност. Значи доверба кај потрошувачите, стабилност на компаниите и долгорочна конкурентност на националната економија“,
рече Ѓорѓиевски.
На свеченоста во претседателската резиденција признанија за „Македонски квалитет“ добија 11 компании.
