На средбата, како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Сиљановска-Давкова истакнала дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ
Надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани изразила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На средбата, што се одржала во Баку, во рамки на Самитот за климатски промени (КОП29), една од темите на која разговарале Сиљановска-Давкова и Орбан биле македонските аспирации за членство во Европската Унија.
На средбата, како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Сиљановска-Давкова истакнала дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ.
На состанокот било констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции.
Во тој контекст, како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Сиљановска-Давкова изразила благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.
Сиљановска-Давкова и Орбан разговарале и за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план.