Шефот на унгарската дипломатија предупреди дека доколку ескалира воениот конфликт и доведе до директен судир меѓу НАТО и Русија, тоа ќе иницира „Трета светска војна, која ќе биде нуклеарна и во која ќе биде невозможно да се преживее“

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија.
Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до нова светска војна.
„Американскиот претседател Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците, ги поддржуваме, а Брисел и западните Европејците се обидуваат да ги поткопаат“,
изјави Сијарто.
Тој додаде дека во моментов постојат јасни разлики во ставовите на САД и ЕУ за Украина.
„Американската администрација тргнува од реалноста, се придржува до политичка стратегија заснована на здрав разум и сака да ја заврши војната, додека во Брисел сè уште владее воената психоза“,
рече тој, додавајќи дека западноевропските политичари се подложени на луд воинствен став.
Шефот на унгарската дипломатија предупреди дека доколку ескалира воениот конфликт и доведе до директен судир меѓу НАТО и Русија, тоа ќе иницира „Трета светска војна, која ќе биде нуклеарна и во која ќе биде невозможно да се преживее“.
Според Сијарто, за да се избегне таквото сценарио потребно е ЕУ и Украина да се согласат со американскиот мировен план.
