Потврда за неговата посета стигнала од кинеските власти. Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, како што пренесува РТС, рекол дека Пекинг со нетрпение ја очекува оваа посета, како уште една можност за зацврстување на „железното пријателство“ со Србија
Претседателот на Народна Република Кина, Си Ѓинпинг, на 7 и 8 мај ќе престојува во официјална посета на Србија.

Ѓинпинг во Србија пристигнува на покана на претседателот Александар Вучиќ, кој ќе биде негов домаќин, пренесе српскиот радиодифузен сервис (РТС).
Потврда за посетата на Ѓинпинг стигнала и од кинеските власти. Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, како што ренесува РТС, рекол дека Пекинг со нетрпение ја очекува оваа посета, како уште една можност за зацврстување на „железното пријателство“ со Србија.
Доаѓањето на Ѓинпинг во Србија беше најавено во февруари годинава, на свеченоста што Вучиќ ја организираше за кинескиот амбасадор Ли Минг и неговите соработници, по повод Лунарната нова година. Ѓинпинг последен пат ја посети Србија во 2016 година, што беше прва посета на кинески претседател по повеќе од 30 години.
Во рамки на петдневната турнеја (од 5 до 10 мај) во овој дел од Европа, според најавите, освен Србија, Ѓинпинг ќе ги посети и Унгарија и Франција.