Трамп ја упати поканата до Си и покрај неговата неодамнешна најава дека има намера да воведе високи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти колку што планира да им воведе на Мексико и Канада. Царините за Мексико и Канада се дизајнирани да ја запрат илегалната миграција и шверцот на фентанил во САД
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Трамп по денот на изборите, пишува Њузвик.
Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да го претставуваат Пекинг на настанот на 20 јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да ѝ се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.
Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбија да ја коментираат одлуката на претседателот.
Си Ѓинпинг, претседател на Народна Република Кина и генерален секретар на Кинеската комунистичка партија (ККП), често е во центарот на глобалното внимание. Тој е познат по концептот на кинескиот сон, кој се однесува на враќање на националната гордост и постигнување економска и политичка доминација и борба против корупцијата. Владеењето на Си Ѓинпинг беше обележано со истовремен економски раст и растечки авторитаризам, што има значително влијание врз Кина и светот.
Трамп ја упати поканата до Си и покрај неговата неодамнешна најава дека има намера да воведе високи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти колку што планира да им воведе на Мексико и Канада. Царините за Мексико и Канада се дизајнирани да ја запрат илегалната миграција и шверцот на фентанил во САД.
Идната портпаролка на Трамп, Керолин Левит, рече дека повикот е пример за тоа како претседателот Трамп воспоставува отворен дијалог со лидерите на сите земји, не само со оние кои се сојузници на Америка, туку и противници или конкуренти.