Брзиот пад на авганистанските национални сили и на владата беше шок за Бајден и за високите членови на неговата администрација, кои до минатиот месец веруваа дека би можеле да поминат месеци пред да падне цивилната влада во Кабул. Сега, службениците признаваат дека погрешно пресметале, се наведува во анализата
Претседателот на САД Џо Бајден и неговата администрација се бореа во неделата да воспостават ред, во услови на трка на американски и друг странски персонал за евакуација од Авганистан, кога талибанските војски влегоа во Кабул.
Брзиот пад на авганистанските национални сили и на владата беше шок за Бајден и за високите членови на неговата администрација, кои само минатиот месец веруваа дека би можеле да поминат месеци пред да падне цивилната влада во Кабул, што остава одреден временски период по заминувањето на американските војници пред да дојдат целосните последици од повлекувањето. Сега, службениците искрено признаваат дека погрешно пресметале, анализира Си-ен-ен.
„Факт е дека видовме дека таа сила не е во состојба да ја брани земјата. И тоа се случи побрзо отколку што очекувавме“,
изјави државниот секретар Антони Блинкен за Си-ен-ен, мислејќи на авганистанските национални безбедносни сили. „
Ризиците за Бајден, како што се оценува во написот, се политички неизвесни; мнозинството Американци во анкетите велат дека поддржуваат повлекување на војници од Авганистан, а соработниците на Бајден оценуваат дека земјата го дели неговиот умор од продолжување на 20-годишниот конфликт.
Некои членови на Конгресот бараат повеќе информации од администрацијата за тоа како нејзината разузнавачка служба можела толку лошо да ја процени ситуацијата на терен или зошто не постоеле поцврсти планови за итни случаи за евакуација на Американците и нивните сојузници.
Како што наведува Си-ен-ен, Бајден, кој во моментов го поминува викендот во Камп Дејвид, во рамки на својот летен одмор, не би требало да се врати во Белата куќа до следната недела и тој од вторникот не зборува јавно за ситуацијата во Авганистан. Се дебатираат низа опции – за враќање во Вашингтон или обраќање до нацијата – но неколку официјални лица рекоа дека настаните се премногу флуидни и дека не се донесени конечни одлуки од неделата попладне.
Додека Бајден може да добива исто ниво на брифинзи од Кемп Дејвид, како што тоа го правеше во текот на целиот викенд преку безбедна видео конференција, официјалните лица се свесни за впечатокот претседателот да биде надвор од Вашингтон во овој опасен момент. Неколку претставници на администрацијата, исто така, беа на одмор, но почнаа да се враќаат на работа во неделата. Официјален претставник на Белата куќа во неделата за Си -ен -ен изјави дека претседателот „разговарал со членовите на неговиот тим за национална безбедност за ситуацијата во Авганистан и ќе продолжи да добива ажурирања и да биде информиран во текот на целиот ден“.
„Тој е длабоко ангажиран од Камп Дејвид“,
рече висок претставник на администрацијата, кој не ја отфрли можноста претседателот да се врати во Белата куќа.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска ја напушти државата. Според официјален претставник од Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Гани заминал кон Таџикистан.
Претставник на талибанците денеска нагласи дека наскоро од претседателската палата во Кабул ќе објават создавање Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми. Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година.
Естонија и Норвешка денеска побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан.