Демократот Џо Бајден е 46. претседател на САД, јави Си-ен-ен. Телевизијата го прогласи Бајден за избран претседател по прогласувањето негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електроски гласови. Со нив Бајден има 273 електорски гласови, од неопходни 270.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсилванија, Џорџија, Аризона, Невада, по што ќе следи и официјална потврда на резултатите.
Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камила Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.
Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за ги оспори резултатите.