„Киев индипендент“ пренесува и изјава од градоначалничката на Василки, Наталија Баласинович, во која таа посочува дека градот и аеродромот претрпеле силно гранатирање од балистички ракети

Две огромни експлозии вечерва го осветлија небото над Киев, јавува „Си-ен-ен“. Според американската телевизија, најверојатно експлозиите биле околу градот Василки, што е на 30-тина километри јужно од главниот град на Украина.
Во Василки има голем воен авион и повеќе резервоари за горе.
Според украинските власти, токму оваа област во текот на претходната ноќ било место каде се одвивале тешки борби.
Исто така и „Киев индипендент“ јави за гранатирања во тој регион. Како што објави, се запалило складиште за нафта во Василков кој според овој медиум, е оддалечен 40 километри од главниот град.
„Киев индипендент“ пренесува и изјава од градоначалничката на Василки, Наталија Баласинович, во која таа посочува дека градот и аеродромот претрпеле силно гранатирање од балистички ракети.
⚡️Oil depot catches fire in Vasylkiv, 40 kilometres south of Kyiv.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 26, 2022
According to Vasylkiv mayor Natalia Balasynovych, the city and the airfield sustained heavy shelling from ballistic missiles. “The enemy wants to destroy everything around, but he will not succeed. Hold on!”
Претходно, во текот на ноќта, неколку пати во Киев се вклучуваа и сирените кои означуваат опасност од воздушен напад. Исто така, дел од репортерите јавија дека била нападната и детската онколошка болница во Киев.