Најголемиот економски пад од големата економска криза во САД (1929-1933) официјално стана рецесија, објави синоќа Си -ен- би -си, повикувајќи се на извештај од Националното биро за економски истражувања.
Бирото не гo користи општо прифатеното мерило за техничка рецесија, кое се детектира со пад на БДП во текот на две тримесечја по ред, туку се потпира на анализа на индикатори како обемот на производството и нивото на невработеноста.
Според аналитичарите, економијата на САД влезе во рецесија во февруари, кога е забележана намалена економска активност поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Дотогаш, американската економија имаше континуиран раст од 11 години.
Од банката „Голдман сакс“ прогнозираат дека и покрај серизоноста на проблемот, рецесијата нема да биде долготрајна. Мнозинство експерти укажуваат на запирање на економскиот пад до крајот на второто тримесечје.
Според Јан Хациус, главен економист во „Голдман Сакс“, ова е најдлабоката рецесија од времето на војната, но дека ќе биде најкусата.
Во првото тримесечје, БДП на САД падна за 4,8 проценти.