Шведскиот премиер Стефан Левен денеска повторно е избран за премиер откако доби доволно голема поддршка на гласањето во парламентот, девет дена откако се повлече од функцијата откако му беше изгласана недоверба, јави ДПА.
Левен поднесе оставка минатата недела откако парламентот му изгласа недоверба. Една недела претходно поддршката му ја повлече партијата Левица по спорот околу изнајмувањето нови згради.
Првпат во историјата изгласана недоверба на еден шведски премиер
Лидерот на партијата Модерате, Улф Кристерсон, прв се обиде да формира нова влада, но не успеа, оставајќи му на Левен повторно да ја преземе власта.
Ова беше првпат еден шведски премиер да биде сменат со вакво гласање.
Социјалдемократот Левен (63) премиер на Шведска е од 2014 година, додаде ДПА.