Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека денеска за време на преговорите со Киев се разговара за тоа Украина да стане неутрална држава со статус кој би можел да се спореди оној на Австрија и Шведска, пренесува „Гардијан“.
„Ова е опција за која сега се разговара и која може да се смета за компромис“,
рекол портпаролот на Кремљ, Песков, за новинарите.
Главниот преговарач на Русија во преговорите со Украина, Владимир Медински, рекол дека австрискиот и шведскиот модел ќе значат дека Украина ќе може да ја задржи својата војска, но нема да ѝ биде дозволено да прима странски бази или трупи.
Порано во текот на денот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руските медиуми рече дека преговорите одат тешко, „но постои оптимизам да се обезбеди компромис“.
„Сега сериозно се разговара за неутрален статус, секако, со безбедносни граници“,
рече Лавров.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера посочи дека Украина нема да стане членка на НАТО, што ќе се смета за значајна отстапка кон Русија.