Проценките се дека ако бројот на заразени се намали, а програмата за вакцинација напредува, многу ограничувања може да бидат ублажени во текот на летото, а до септември, голем број мерки ќе бидат укинати
Премиерот на Шведска, Стефан Ловен денеска изјави дека Шведска ќе го одложи олеснувањето на одредени мерки за ограничување на јавните собири, како што се фудбалските натпревари, до 1 јуни.
Владата кон крајот на минатиот месец рече дека се надева дека ќе ги намали ограничувањата и ќе овозможи на повеќе гледачи за некои спортски и културни настани од 17 мај, но Ловен посочува дека состојбата во здравствениот систем останува комплицирана, пренесува Ројтерс.
„Гледаме одредена светлина на крајот од тунелот, но сè уште не сме таму. Ако сме безгрижни денес, ќе платиме подоцна“,
рече Ловен.
Подоцна денеска, Агенцијата за јавно здравје ќе и претстави на Владата план за тоа како може да се олеснат другите ограничувања кога ситуацијата со пандемијата ќе дозволи.
Како што е наведено, ако бројот на заразени се намали, а програмата за вакцинација напредува, многу ограничувања може да бидат ублажени во текот на летото, а до септември, голем број мерки ќе бидат укинати.