Агенцијата за јавно здравје предлага датумот кога може да се отворат одредени активности да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со инфекцијата да се подобри
Шведската здравствена агенција побара од владата да го одложи за неколку седмици планираното олеснување на некои ограничувања насочени кон забавување на ширењето на ковид-19, бидејќи земјата се соочува со трет бран на вирусот.
Шведската агенција претходно предложи некои ограничувања да бидат укинати од 11 април, како ограничување на бројот на посетители на забавни паркови, концерти и фудбалски натпревари на само осум лица.
„Ширењето на ковид-19 се забрзува, што резултира со зголемен товар на здравствената заштита. Агенцијата за јавно здравје предлага датумот кога може да се отворат одредени активности да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со инфекцијата да се подобри“,
се посочува во соопштението на здравствените власти.