Според агендата, претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, денеска треба да се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која со највисоки државни и воени почести ќе го пречека во својот кабинет во Вилата „Водно“, по што ќе имаат тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција
Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, претпладнево пристигна во Скопје во рамките на својата официјална посета на земјава. На скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова“,
пишува Муцунски во објава на Фејсбук.
Според шефот на македонската дипломатија, посетата на швајцарскиот претседател е потврда за одличните билатерални односи меѓу двете земји и можност за нивно натамошно продлабочување.
Според агендата, претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, денеска треба да се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која со највисоки државни и воени почести ќе го пречека во својот кабинет во Вилата „Водно“. Потоа имаат тет-а-тет средба и средба помеѓу делегациите, по што Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.
