НАТО нагласува дека разговорите мора да се засноваат на клучните принципи и фундаментални документи за европската безбедност

Портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Швајцарија е подготвена да биде домаќин на Самитот помеѓу Русија и НАТО, кој ќе се одржи на 12 јануари, 2022 година.
Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг како претседавач со Советот Русија-НАТО одлучи да свика состанок на тоа тело на 12 јануари 2022 година.
Прес-службата на НАТО потврди дека Алијансата е во контакт со Москва околу организацијата на состанокот, но потсети и на ставот на НАТО дека „секој дијалог со Русија мора да се води врз основа на реципроцитет, што ја вклучува и загриженоста на НАТО за дејствијата на Русија“.
Покрај тоа, НАТО нагласува дека разговорите мора да се засноваат на клучните принципи и фундаментални документи за европската безбедност, како и дека тие мора да се одвиваат во координација со европските партнери на Алијансата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, вчера потврди дека Русија добила предлог за свикување на самит Русија-НАТО.
Таа потсети дека Русија е подготвена за директен дијалог со НАТО за безбедносните гаранции.