Карванот за вакцинација против ковид-19 утре од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови карванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга
Карванот за вакцинација против ковид-19 тргна денеска во Шуто Оризари и во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Диџовани, како и претставници од СЗО и УСАИД.
„Продолжуваме со акциите за промоција на вакцинацијата како начин на сигурна имунизација на сите граѓани. Кризата со ковид-19 се уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да пристапат кон вакциналните пунктови. Им се заблагодарувам на сите здравствени работници кои не поддржуваат во оваа акција и на сите матични лекари кои ја поддржаа нашата иницијатива со поканување на нивните пациенти кои се во ризична група“,
изјави министерот Сали.
Посочи дека изборот на Шуто Оризари за почеток на карванот за вакцинација против ковид-19 е случаен и додаде дека целта на кампањата се локации каде има помал одѕив за вакцинација.

Карванот за вакцинација против ковид-19 утре од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови карванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19.
Американската амбасадорка Кејт Брнз рече дека карванот ќе трае 14 дена и се спроведува заедно со нивните партнери од СЗО, УНИЦЕФ во обид да најдат начини за промоција на вакцините.
„Јас лично сум вакцинирана и сметам дека вакцините се безбедни и ефективни. Пандемијата се уште не е завршена и сметавме дека треба да бидеме партнери во овој проект каде не само што даваме можност на луѓето да се вакцинираат, туку исто така овозможуваме да се споделат информации за луѓето да знаат за вакцините и имаат можност преку овој карван да разговараат со професионалци кои ќе им објаснат за што се работи. Се надевам дека овој карван ќе ги охрабри луѓето да примат вакцина“,
додаде Брнз.
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш истакна дека не само во таа општина генерално има ромско население кое се води како фантом лица. Посочи дека се работи на тоа во последните години и еден голем број од тие добиле матични броеви.
„Се работи на тоа да добијат сите. Со години наназад не е преземено ништо, некаде околу 600 Роми кои беа фантом лица во последната година добија матични броеви. Мислам дека имаше акција дека и тие што немаа документи можат да се вакцинираат“,
додаде Дудуш.