Според грчки „Екатимерини“, пожарот е на нерамен, тешко достапен терен што ги комплицира напорите за негово контролирање. Активен е на два фронта – еден во областа Гликади на најсеверниот дел на островот, а другиот се движи кон популарното крајбрежно одморалиште Пахис и селото Рахони
Голем шумски пожар доцна синоќа избувна на грчкиот остров Тасос, во областа Гликади. Зафатени се областите покриени со борови шуми по кои е познат најсеверниот остров во Егејското Море.

Според грчки „Екатимерини“, пожарот е на нерамен, тешко достапен терен што ги комплицира напорите за негово контролирање. Активен е на два фронта – еден во областа Гликади на најсеверниот дел на островот, а другиот се движи кон популарното крајбрежно одморалиште Пахис и селото Рахони.
Пожарот избувнал во близина на пристаништето Лименас. Иако станбените области засега не се директно загрозени, хотел во областа Пахис е евакуиран како мерка на претпазливост. Голем број туристи испаничено се упатија кон пристаништето Лименас за да го напуштат островот.
Дел од островот е без струја поради оштетување на електричната мрежа.
Пожарникарите сè уште работат на гаснење на пожарот, но ветерот ја отежнува ситуацијата. Првиот противпожарен авион пристигна на Тасос во 5:50 часот утринава, со засилени противпожарни и полициски сили.
Градоначалникот на Тасос, Лефтерис Киријакидес, повика на смирена и координирана акција.