Таа нагласи дека повратот на ДДВ доцни, зголемувањето на пензиите го зголеми долгот на пензискиот фонд, а цените на храната се покачуваат откако завршија мерките
Индексот на трошоци на живот од први до трети месец е пораснат од 2,7 до 5 отсто, цените на мало пораснале во истиот период за 2,2 до 5,2 отсто, а нашите граѓани се со најниски плати во регионот, истакна пратеничката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Таа нагласи дека платите мора да се зголемат за да се заштити стандардот на граѓаните.
„Во најголемите две кризи – енергетската и ковид-кризата владата предводена од СДСМ додели 2,6 милијарди евра неповратни средства на компании и на физички лица, и тогаш многу од компаниите, особено погодени од економската криза, не затворија само заради таа доделена помош. Сега нема криза, а економијата е во пад“,
рече Шукова.
Таа нагласи дека повратот на ДДВ доцни, зголемувањето на пензиите го зголеми долгот на пензискиот фонд, а цените на храната се покачуваат откако завршија мерките.
Во врска со средствата од унгарскиот кредит за општините, Шукова додаде дека се уште не се рефлектираат во агрегатните податоци бидејќи се потрошени само 8 отсто од 77 милиони евра што покажува слаба реализација и неефикасност.