Таа очекува граѓаните масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас бидејќи од нив зависат промените во главниот град и во другите општини

Секој глас е важен. Секој глас е чекор напред кон подобро Скопје, смета кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и ги повика граѓаните да гласаат на фер, мирен и демократски начин.
„Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје“,
рече Шукова откако гласаше во основното училиште „Јан Амос Коменски“.
Таа очекува граѓаните масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас бидејќи од нив зависат промените во главниот град и во другите општини.
Шукова им посака успешен и мирен изборен ден на сите сограѓани, како и на сите што се вклучени во спроведувањето на изборниот процес.