За уништениот углед на институциите, разорувањето на правната држава и кршењето на човековите права, еден од лековите е лустрација, кажаа говорниците на собирот кои порачаа и дека имаат повеќе предлози за ослободување на институциите
Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протест под мотото „Што значи победа?“, организиран од студентите во блокада. На дел од транспарентите е испишана пораката „Постои одговорност со име и презиме“, а говорниците на собирот порачаа дека имаат предлози за ослободување на институциите.
„За уништениот углед на институциите, разорувањето на правната држава и кршењето на човековите права, еден од лековите е лустрацијата. Лустрацијата не е одмазда, туку заштита на државата од повторување на злоупотребите. Таа значи дека оние што ги користеле функциите за лична корист, притисоци, злоупотреби и уништување на јавниот интерес не можат и не смеат повторно да одлучуваат за судбината на граѓаните“,
порача еден од студентите на протестот.

Студентите најавија дека со ова почнува нова фаза од нивното движење и дека ќе бидат презентирани некои од нивните идеи за изборната програма. Протестот е продолжение на акцијата „Распиши победа“ за собирање потписи за предвремени избори.
