Различни наративи доаѓаат од различни главни градови во врска со напредокот на руската инвазија во Украина, наведува „Би-би-си“ сумирајќи ги последните информации околу украинската ситуација.
Едната страна вели дека нападите продолжуваат, другата, пак, дека истите се одбиваат. Еве ги сумираните податоци од Москва, Киев и Вашингтон:
- Според државната новинска агенција РИА, Русија вели дека нејзините единици ја продолжиле својата офанзива врз Украина од сите правци, по паузата која беше направена вчера (петок). Министерството за одбрана во Москва издеде соопштение дека наредило да се обноват нападите откако Украина одбила да преговара;
- Украина, пак, вели дека остануваат под нејзина контрола сите поголеми градови во земјата и дека нејзините сили ги одбиле руските напади нанесувајќи им значителни загуби на напаѓачите;
- Претставници на одбранбените структури во Вашингтон наведуваат дека Москва станува сè пофрустрирана од тоа што Украина одржува отпор со што ги спречува руските сили да земат замав
- Британските служби, исто така, велат дека рускиот напредок во офанзивата во Украина е забавен.
Photo: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV