Семејството, како што пренесува Телма, соопштило дека тој бил со нарушена здравствена состојба, но е надвор од животна опасност
Познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков вчеравечер бил пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство и по неколкучасовна потрага полицијата го пронашла во селото Орешани во близина на Скопје, пренесуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Семејството, како што пренесува Телма, соопштило дека тој бил со нарушена здравствена состојба, но е надвор од животна опасност.
Од полицијата засега нема официјална информација за случајот.
Штерјо Наков 20 години беше директор на големата шпедитерска компанија „Фершпед“, која стана и една од најуспешните фирми во земјава по приватизацијата.
Наков пред девет години се повлече од управувањето на компанијата.