Поголемите собирања и забави по олеснувањето на рестрикциите го придонесе за пораст на бројот на новозаразени со коронавирус во Шпанија, пишува весникот „Њл паис“, додавајќи дека ова е сериозен удар за земјата која се обидува да се врати во нормала после неколкумесечниот карантин.
Како што се наведува, на една роденденска забава се заразиле 18 лица и сега мора да бидат во самоизолација, а во помалку случаи имало и ширење на заразата и на семејни собири.
„Една обична забава може да заврши со епидемија“,
изјави Фернандо Симон, директор на Центарот за координација на Министерството за здравство, потврдувајќи ги пишувањата на весникот.
Сепак, како што додаде, некои случаи воопшто не се непромислени и се случиле со јасно кршење на правилата.
„Затоа шпанските власти постојано ги повикуваат граѓаните да не престануваат да се штитат и строго да се придржуваат кон мерките во секоја фаза. Тоа е причината зошто уште не сме во новата нормалност“,
рече Симон.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека од Парламентот ќе побара да поддржи последно двонеделно продолжување на вонредната состојба до 21 јуни.
Вонредната состојба, која беше воведена на 14 март, беше продолжена пет пати, а е во сила до 7 јуни.
За време на видео конференцијата со регионалните лидери, Санчез рече дека ова ќе биде последно продолжување на мерките, „со оглед дека бројот на новозаразени со коронавирусот драстично се намалува“.
Бројот на починати во Шпанија вчера се зголеми за четири и сега изнесува 27 125, што е драматичен пад на бројот на жртви за еден ден.
Со 286 308 заразени, Шпанија е на четврто место во светот по бројот на позитивни на коронавирусот.