Ова е втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината
Владата на Шпанија денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот која ќе трае во следните 15 дена, и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.
Со цел да се спречи ширењето на вирусот ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, донесе одлука за воведување втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината, која ќе трае 15 дена, но според локалните медиуми целта на Владата е таа да продолжи до април следната година.
Првата траеше од март до јуни, а втората може да трае до април 2021 година.
Минатата недела Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрираше еден милион случаи на заразени со ковид-19, додека бројот на починати е над 35 000.