Потписниците, исто така, изразија загриженост за какви било обиди за преземање контрола врз државните власти или клучните природни ресурси, посочувајќи дека тоа е опасен преседан во меѓународните односи
Шпанија и пет латиноамерикански земји ја осудија воената операција на Соединетите Американски Држави (САД) за апсење на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, сметајќи ја за кршење на меѓународното право.

Државите Шпанија, Чиле, Колумбија, Бразил, Мексико и Уругвај изразија загриженост за регионалната стабилност.
„Изразуваме длабока загриженост за секаков обид за владина контрола, управување или надворешно присвојување на венецуелските природни или стратешки ресурси“,
се вели во заедничкото соопштение на владите на Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико, Шпанија и Уругвај.
Според нив, Вашингтон не го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Венецуела.
„Ситуацијата во Венецуела мора да се реши преку дијалог, без надворешно мешање и во согласност со волјата на венецуелскиот народ“,
пишува во истото соопштеение.
Потписниците, исто така, изразија загриженост за какви било обиди за преземање контрола врз државните власти или клучните природни ресурси.
„Ова е опасен преседан во меѓународните односи“,
посочија тие.
САД вчера нападнаа неколку цели во Венецуела, заробувајќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга и изнесувајќи ги од земјата.
Мадуро ќе биде изведен пред суд во Њујорк по обвиненија поврзани со дрога и оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД привремено ќе ја управуваат Венецуела и го истакна економскиот потенцијал на нафтената индустрија на земјата.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека на САД не им е потребна венецуелска нафта, но оти нема да дозволат нивните глобални противници да ги преземат нејзините ресурси.
