Шпанија по четири месеци повторно ги враќа шаторите како помошен дел за хоспитализација на ковид-случаи пред воената болница во Мадрид.
Како што соопшти тамошното Министерство за одбрана под чија надлежност е воената болница, шаторите засега се празни, но се превентивна мерка во очекување на нов бран на заболени од ковид-19.
Шпанските власти решија да донесат нови мерки во Мадрид кои вклучуваат и ограничувања на движењето.
Регионалната лидерка Изабел Дијаз Ајузо рече дека ќе има ограничено движење во областа, вклучително и во градот Мадрид, области кои се најмногу погодени од вирусот, што може да загрози повеќе од 850 000 луѓе.
Таа наведе дека пристапот до паркови и јавни места ќе биде ограничен, како и собири до шест лица, но дека луѓето нема да бидат спречени да одат на работа.
„Мораме да избегнеме карантин, мора да избегнеме економска катастрофа“,
рече Дијаз Ајузо на прес-конференција.
Во Шпанија, во четвртокот беа пријавени повеќе од 11 000 нови случаи на коронавирус, а 162 лица починаа.
Вкупно, досега повеќе од вирусот во Шпанија се заразија 625 000 луѓе, а 30 400 починале, покажуваат податоците на Министерството за здравство.